Што е Евангелие?
Добро е што имате време да ја разгледате пораката на Господ. Можеби зазирате од религија. Одење во црква, изведување ритуали, следење традиции. И ние би се согласиле со вас. Библијата нé учи дека Господ живее во срцата на мажите и жените кои го почитуваат неговиот збор. Единствените церемонии кои треба да ги следиме се оние кои самата Библија јасно ги објаснува. А такви има многу малку во Библијата. Крштевањето со потопување во вода и кршењето леб секоја седмица во спомен на Исус се главните две церемонии.
Или можеби сте обична личност која го сака Господ во својот живот но не сакате да навлегувате понатаму. Ова е можеби точно за многу од нас кои ќе го прочитаат овој религиозен напис и ќе н личи на предавање за Библијата или пак ќе разговараме за тоа. Прекрасно е што веруваме дека Господ го има , сигурно тој постои. Но треба уште многу чекање да се открие – со изучување на неговиот збор, на Библијата, и така ќе го запознаеме и ќе учествуваме во неговиот вечен план. Таа книга е напишана со неговиот Дух кој влијаел на луѓето кои вистински ја пишувале – тоа едноставно не се зборови на луѓе како во било која друга книга. И затоа вреди да се изучува.
Или можеби си мислите дека сé знаете. Сте ја погледнале Библијата и сте ја сфатиле. Но ако сте навистина искрени, тогаш нешто ви недостасува. Тоа е онаа празнина која ја чувствувате, оној страв од иднината или пак оној недостаток на сигурност за вашата конечна судбина … оној сомнеж дека црно куче ги следи повеќето мажи и жени до нивниот гроб. И вам би ви рекле: Обидете се уште еднаш. Можеби човечката интерпретација ви ја заматило претставата за Библијата. Ајде да се вратиме на текстот од Библијата.
Или можеби го гледате Христијанството како “уште една интелектуална авантура”, уште едно хоби со кое може да си играте уште малку, уште една фасцинација, уште еден град на патот – оној кој води до гробот, сите се исти. Животот е многу краток за да имате ваков вид на циничен став. Еден ден ќе лежите во својот сопствен гроб, еден ден ужасниот крај на смртта ќе те стигне и тебе. Дозволете се чесен однос кон себе за да ја слушнете Библијата сега. Ве молиме , само за ваша полза, одвојте неколку минути во вашиот живот или барем помислете си што ви кажува.
Значи може да го поставам прашањето Што е Евангелие?
Ве молиме отворете го новиот Завет кај Матеја 1:1. Ова е почетокот на објаснувањето на Матеја за Евангелието. Читаме:
Книга за родословот на Исус Христос, синот на Давид, синот на Аврам .
Тоа не е она што би го очекувале. Тој вели дека Исус е потомок на Давид и Аврам. И тоа, за Матеја е почетокот на Евангелието. Павле го видел истото. Погледнете кај Галатјаните 3:8:
Стариот завет предвидувајќи дека Господ ќе го оправда неверството со верба, однапред му благовестил на Аврам, велејќи, Во тебе се благсловени сите народи.
Значи, Евангелието е она што му било ветено на Аврам. Тоа е истото што го вели и Павле. Значи, ако сваќате што му ветил Господ на Аврам, ќе можете да разберете што е Евангелието. Тогаш ајде да се вратиме на Стариот Завет и да видиме што му рекол Господ на Аврам. Ќе се осврнеме на Генезата првата книга на Библијата, Генеза 17:8:
И ќе ти ја дадам тебе и на твоето семе по тебе земјата каде ќе бидеш придојден, целата земја на Ханан во вечно владеење а јас ќе м бидам Бог.
Значи на Аврам му било кажано дека тој и неговите деца ќе живеат засекогаш на земјата. Идејата за вечен живот е идеја која доаѓа од Стариот Завет. Запомнете го ова – бидејќи основната порака на Библијата е иста. Како е ова можно? Погледнете во Генеза 22:17,18:
Навистина, со благослов ќе те благословам, и со множење ќе го размножам твоето семе како ѕвездите на небото и како песокот на морскиот брег; А твоето семе ќе ги завладее портите на непријателите свои; И преку твоето семе ќе бидат благословени сите нации на земјата бидејќи ти го послуша мојот глас.
Аврам требаше да има син кој ќе биде извор на благослови за целиот свет. Начинот да се разбере Библијата е да се согледа како Библијата се цитира себе си и н објаснува. Зборовите кои сега ги прочитавме се цитирани во Новиот Завет – во Глава 3:25,26. Ајде да погледнеме и да ја најдеме интерпретацијата.
Ние сме деца на пророци и на сојузот што Господ го склучил со нашите татковци велејќи му на Аврам, И преку твоето семе сите потомци на светот ќе бидат благословени; На твојот прв Господ, кој го израснал својот Син Исус и го испратил да те благослови да ги одбие од тебе сите зла.
Кој е семето на Аврам? Исус. И кои се благословите кој тој ќе ги даде за сите мажи и жени во светот? Благословот да се прости грев и спас. Ајде да продолжиме. Галатјаните 3:16:
Ветувањата беа дадени за Аврам и неговото семе. Тој не рече на сите семиња ,на многуте, туку на едно . На твоето семе, кое е Христос.
Значи, семето на Аврам е само еден човек, Исус. Но како може тој еден човек да стане толку многу, како ѕвездите на небото? Ајде да прочитаме Галатјаните 3:27-29.
Бидејќи многу од вас сте покрстени во Христос и сте облечени во Христос. Нема евреин или грк, нема ниту врзани ниту слободни, нема ниту машки ниту женски; бидејќи вие сте сите едно во Исус Христос. И ако сте Христос, тогаш сте семето на Аврам, и наследници според ветувањето.
Само оние кои биле крстени во Христос учествуваат во овие ветувања - ветувања за вечен живот овде на земјата. И затоа треба да се крстиме за да бидеме спасени! Павле рече дека неговата надеж била “надежда на Израел” (Глава 28:20). Кога се соочил смртта, ова била неговата надеж - надежда за Израел. Што е покрстување? Тоа не е прскање со вода. Новиот Завет е напишан на грчки, зборот “покрстување” преведено значи токму потопување. Се користел за потонување на брод, за потопување, или кога парче платно се обојува од една боја во друга со потопување. Ајде да погледнеме во Матеја 3:13-16:
И тогаш пристигна Исус од Галилеја во Јордан кај Јован да го покрсти. Но Јован го одби велејќи, Ти треба мене да ме покрстиш и ти ми доаѓаш мене? А Исус му одговори,Исправи се сега, бидејќи така ни се случува да ја исполниме правдината. И потоа го исправи. Исус, кога беше покрстен излезе веднаш од водата: И ,чудо, небото се отвори над него, и тој го виде Духот на Господ спуштајќи се како гулаби осветлувајќи го.
Исус влегол "под" водата и излегол "од неа". Тој бил покрстен како возрасен, а не како бебе; со потопување а не со прскање. Затоа тоа било сторено во вода. И ако Тој бил покрстен треба и ние да сме. Ова потопување и издигнување ја означува смртта и воскерснувањето на Христос и дека сме решиле да ја сториме Неговата смрт и воскреснување како наша. Затоа треба да се изведе со потопување а не со прскање. Ајде да погледнеме кај Римјаните 6:3-5:
Зар не знаевте дека толку многу од вас како што биле покрстени во Исус Христос биле покрстени и во неговата смрт? Затоа ние сме погребани со покрстување во смрт: како што Христос се издигнал од смртта со славата на Отецот, и ние треба да продолжиме кон новиот живот. Затоа што ако сме сраснати со него во иста смрт, ние треба са сме заедно и во воскреснувањето:
Затоа и апелираме кон вас да се покрстите - сторете го тоа цел во животот , да го прифатите Исус Христос! Со тоа што сте покрстени во Исус Христос ние стануваме дел од Него и затоа ветувањата се однесуваат и на нас. И затоа кога тој ќе се врати ние ќе воскреснеме, ќе н се суди и тогаш ако сме живееле верно според зборот на Господ, ќе н се додели вечен живот кој Тој сега го живее. И тогаш ние ќе живееме за секогаш во Царството Господово овде на земјата. Ако верувате во ова , тогаш животот има ново значење. Било какви материјални проблеми да имаме ќе ги реализираме бидејќи се привремени и кога Христос ќе се врати тој ке н даде нов и вечен живот. Затоа во Библијата и во Христос постои вистинска НАДЕЖ. Надежда пред нас е толку голема што нашите сегашни проблеми не изгледаат толку големи.
Но, како може тоа овој човек Христос да нé спаси? Тој бил наш претставник и затоа ние треба да сме покрстени во неговата смрт и воскресение, бидејќи тој бил како нас. Да погледнеме кај Евреите 2:14-18:
Бидејќи децата се учесници во крвта и месото, и тој самиот исто учествувал во истото : низ смртта тој може да го победи оној што ја има власта над смртта, односно ѓаволот: И да ги избави оние што од страв од смртта целиот живот биле подложни на ропство. Бидејќи навистина тој не прими природа од ангели, туку тој го превзема потомството на Аврам. Затоа тој во сите нешта требаше да личи на своите браќа да биде милозлив и верен првосвештеник пред Бог, за да ги исчисти гревовите на народот. Затоа во сé она што самиот го претрпе откако беше искушан, тој може да м помогне на искушуваните.
Забележувате во пасусот дека ѓаволот не е животно или змеј. Тука се користи како персонификација на грев. “Тежината на гревот е смрт” (Римјаните 6:23), но тука ние читаме дека “ѓаволот” “ има моќ на смрт”. Ние треба да се бориме против нашата природа, а не против невидливи суштества надвор од нас самите. Стих 14 го вели истото неколкупати – Тој, Него, исто така, учесник, иста природа ако ние. Сепак повеќето “христијански” групи учат дека има три Бога во тројството, и еден од нив е Исус. Но тоа не го кажува и Библијата. А според Евреите, многу е важно добро да го разбереме Исус. Тој бил ист како и ние. Писателот тоа го истакнува 4 пати! И тој бил искушуван како и ние. А како нас нé искушуваат? Со нашата човечка природа. Да погледнеме кај Јаков 1:13-15:
Ниеден човек кога е во искушение да не вели , Бог ме ускушува, бидјеќи Бог со зло не се ускушува, и тој никого не искушува: Секој човек е на искушение кога е поведен по својата похот, која го влече и мами. И потоа кога похотта ќе зачне, се раѓа грев, а гревот кога е извршен раѓа смрт.
Ова значи дека Исус ја имал нашата човечка природа. Господ не може да се искушува , но Исус бил искушуван, велат Евреите. Значи Исус не бил тој самиот Господ. Тој бил човек, син на Господ по раѓање, потомок на Давид и Аврам преку Марија. Исто така, Господ не може да се роди , но Исус бил роден. Господ не може да умре, но Исус умрел. Ние не можеме да го видиме Господ, но луѓето го виделе и се ракувале со Исус. Исус не постоел пред сопственото раѓање. Тој бил син на Господ преку Марија. Да погледнеме кај Лука 1:31:-35:
И , почекај, ќе зачнеш во твојата утроба, ќе родиш син и ќе го наречеш со името ИСУС. Тој ќе биде голем и ќе се нарече син на Севишниот: и Господ Бог ќе му го даде престолот на неговиот татко Давид: и ќе царува над домот на Јаков и неговото царство нема да има крај. И потоа му рече Марија на ангелот, Како тоа може да биде, кога јас не знам за маж? И ангелот одговори и рече, Светиот Дух ќе дојде над тебе, силата на Севишниот ќе те осени: затоа и тоа свето чедо што ти ќе го родиш ќе се вика Синот Божји.
Ги забележувате сите тие идни времиња! Тој ќе биде Син на Господ, Марија ќе зачне во нејзината утроба – од тука е започнат Исус, иако само идеја, логото за Исус секогаш било со Господ од почеток. Гледате дека Марија била обична жена. Исус бил потомок на Аврам и Давид, а ова било можно само затоа што и неговата мајка била нивни потомок. Ако Исус бил господ, тогаш Марија била мајка на Господ, и таа не била обична жена. Ако како што учи Библијата дека Исус бил Син на Господ и исто “син на човек” , потомок на Аврам и Давид преку Марија, очигледно е дека Марија била обична жена. Значи тоа е сé или ништо – систем на вистинска верба, или систем на грешни верувања. Важно е да се верува во правата работа, бидејќи доктрината влијае на тоа како ние живееме. Да погледнеме кај Евреите 4:15,16:
Бидејќи ние немаме Првосвештеник кој не е сочуствувал со нашите слабости, туку таков кој бил искушуван како и ние , само не со грев. И затоа слободно да пристапуваме кон престолот на благодетта, каде може да примиме милост и да најдеме благодет за помош кога ни е потребна.
Бидејќи Исус бил како и ние, и затоа може да се молиме со доверба преку Него во Господ. Нам не ни треба свештеник човек, црква зграда или поп да ни ги оствари молитвите.
Затоа, јас ќе ги резимирам работите за кои што говорев:
1. Има само еден Господ а не “Тројство”
2. Исус бил син на Господ, а не бил тој самиот Господ; тој не постоел пред тој да се роди. Тој ги имал сите наши искушенија и човечки искуства, но никогаш не направил грев. Тој го дал својот живот за нас во ужасни маки, но тогаш, бидејќи никогаш не направил грев, Господ го воскреснал од мртвите.
3. Преку покрстување во Христијанин со потопување во вода на возрасен, ние ги споделуваме неговата смрт и воскресение.
4. Затоа, кога Исус Христос ќе се врати , тој ќе воскресне, ќе му биде судено и ќе му се додели вечниот живот во Неговото Царство – кое ќе биде овде на земјава. Ова Царство ќе биде како што бил светот во Рајската Градина, кога Господ за прв пат го создал човекот – и уште подобро. Сите проблеми кои се сега на земјата – војна, глад, тага, дури и самата смрт, конечно ќе ги нема – засекогаш.
5. По смртта ние не сме свесни – “пеколот” значи само “гроб”.
6. Душата не е бесмртна; ние сме создадени од пепел и ќе се вратиме во пепел. Духот е силата на животот во нас, која Господ си ја зема кога ќе умреме. Ние не продолжуваме да постоиме во ниедна свесна форма по смртта.
7. “Сатаната” е симбол за злите човечки желби во нас против кои мора да се бориме; тоа не е име на змеј или монструм кој постои. Господ е 100% моќен; тој не ја дели својата сила со “сатаната”. Сите наши проблеми доаѓаат од Господ, а не од сатаната, и затоа постои позитивна спиритуална цел за тоа.
8. Со читање на Библијата самите ние може да си го најдеме вистинскиот пат до Господ.
Апелирам до вас, да ги проучите овие работи, и да не си дозволите мир сé додека не дојдете до тоа да знаете за сигурно што е тоа Евангелие. Искрено се надевам дека ќе го проучите нашиот бесплатен курс за Библијата, и да си поставите цел да се покрстите еден ден со потопување во вода. Тогаш вистина може да имате верба во вечен живот. Може само да сугерирам да си замислиме долга , долга линија без крај која се протега во далечината; и ние во тој живот сме само на неколку милиметри на нејзиниот почеток. Ова е навистина нашата надеж, ако се покрстиме во Исус и да живееме во Него. Ве молам, ова да го сфатите сериозно и да не го третирате само како религија, или како нешто секојдневно.
Данкан Хистер
НАУЧЕТЕ ЕФЕКТИВНО ДА ЈА ЧИТАТЕ БИБЛИЈАТА
БЕСПЛАТНО
Има само една Библија но многу цркви. Ви сугерираме дека вие треба да ја прочитате Библијата самите со цел да ја најдете вистинската порака. Веруваме дека постои само еден Господ, дека Исус е Син на Господ, тој ја родил нашата природа и ние мора да се покрстиме со потполно потопување со цел да имаме благодет од неговата смрт и воскресение. Наскоро Тој ќе се врати да го создаде Царството Господово на земјата ( не на небото). Ве молиме пополнете ја пријавата (подолу) за да добиете бесплатен примерок кој ќе ви помогне да ја проучите Библијата.
Име_______________________________________________________
Адреса____________________________________________________
_____________________________Телефон______________________
Јазик
Испратете го на:
Bible Basics, 49 Woodfields, South Croydon, Surrey CR2 0HJ England