Апел кон Римокатолиците

Во католицизмот постои еден конзерватизам кој контролира сé, што е многу привлечен за повеќе луѓе. Наместо да се дискутира вистината, постои прифаќање на догма. Рискантните, возбудливите и  предизвикувачките лични прашања кои произлегуваат од директниот однос со Отецот и Синот никогаш не се дозволени да се доживеат. Тоа е една форма на Ислам – „покорност“ на една идеологија, систем на мисли, авторитет, здобиен став и светоглед кој се смета за вистински, без разлика на тоа дали некој воопшто лично го прифаќа или не. Значењето и вредноста на индивидуите се руши под издигнувањето на очајно потребната еднообразност и приспособливост. На овој начин, католицизмот, исламот и комунизмот, и навистина многу други религии и политички философии, имаат многу заедничко. Наспроти тоа, вистинското христијанство базирано на Библијата става висока вредност на значењето и вредноста на индивидуата. Исус раскажал приказна за овчар со 100 овци, од кои губи една. Тој ги остава 99-те овци во дивината, и оди да ја побара изгубената. Повеќето овчари би помислиле дека губиток од 1% би бил во ред. Но овој овчар – кој го претставува Исус – е многу невообичаен. Тој е обземен со страста за спасувањето на индивидуата. И таа посебна загубена овца нé претставува и тебе и мене. Да, знам, вие сигурно ќе помислите дека бидејќи сте член на црквата, тогаш вие сте ОК и воопшто не сте изгубени. Но во нашите срца, сите ја знаеме вистината- дека ниту една човечка организација не може да ги реши длабоките чувства на изгубеност и самотија што ги чувствуваат во себе многу Католици. Меѓу групата луѓе кои влегуваат во црква во недела, постојат многумина кои се чувствуваат изгубено... едноставно изгубено. Нивниот начин на живот, зборови, па дури и погледот во нивните очи покажуваат дека ова е вистина. Ниту еден ритуал не може да го промени ова. Но, доаѓањето кон Исус лично, учењето за Него директно од Библијата...ова може и навистина радикално го преобратува човековиот живот во праксата.

Некој може да каже дека Римокатоличката црква навистина се повикува на Библијата за да ги оправда нивните ритуали и догми. Ова е вистина; но исто така е вистина фактот дека луѓето може да оправаат сé од било која книга, па дури и од Библијата. Еден Римокатолички водач, Рејмонд Браун С.С., објаснува: „Во католичкото разбирање, црковната употреба на Светото Писмо покажува колку еден дел од него е значаен за црковниот живот, но не укажува секогаш на тоа што самиот автор го мислел кога го пишувал тој дел“ (Посланијата на Јован, стр. 208). Со други зборови, ова значи, упростено: “Го гледаме нашиот црковен живот, нашите ритуали и догми, а потоа наоѓаме библиски стих, тој ќе биде добар доказ дури и кога очигледно е надвор контекстот, само за да го оправдаме она што го правиме“. Ако го читаме или користиме текстот на Библијата на овој начин, тогаш циничниот поглед дека „можете да докажете било што од Библијата“ е навистина оправдан. Во еден момент може да ја користиме Библијата за да го оправдаме холокаустот [што и го направи Католичката црква]; а потоа може да ја користиме Библијата за да го оправдаме Пацифизмот. Никогаш нема да ја дознаеме Божјата вистина ако го користиме Неговиот „збор на вистината“[како што Тој ја нарекува Библијата] на овој начин. Ние мора да ја читаме Библијата и да разбереме што вдахновените автори навистина мислеле со тоа; и, без разлика на тоа дали тоа ни одговара или не, треба да ги живееме нашите животи според тоа што Бог навистина ни го кажува. Ова е чудото на „вдахновенитео“-дека зборовите што ги читаме во Библијата, црните букви на белата хартија, навистина се тие што Бог ни ги кажува директно нам, а не преку некој свештеник, ниту преку некој друг или нешто друго – туку дека Сéмоќниот Бог ти зборува директно тебе.

Па така, ние би сакале да ве поттикнеме да ја читате Библијата самите. Никој не може да го направи ова за вас-ниту свештеникот, ниту црквата, ниту некоја човечка организација. Навистина, тоа е страшна работа – да самите се соочите со Бога, преку страниците на Неговиот збор. Кога Бог сакаше да зборува директно со Неговиот народ Израел, Тој ги собра пред Планината Синај и се симна да зборува со нив. Но тие беа уплашени, и сакаа да имаат посредник. Така е и со многу други луѓе- тие повеќе би сакале да се скријат позади хиерархија на свештеници и бискупи, отколку самите да Му пријдат на Бога. Постои еден посредник меѓу Бог и нас – а тоа е „човекот Христос Исус“ (1 Тимотеј 2:5). Нам не ни треба свештеник, Богородица, црква итн. да посредува за нас. Ова значи дека вие можете директно да му се молите на Бога, преку Исус- со вашите сопствени зборови, а не тие што некој ви кажува да ги зборувате.

Гледате, Самиот Бог, Господ кој навистина е таму, постои преку милијардите километри во вселената, преку сите галаксии...дека Бог, кој е вистинско суштество, а не идеа, а не црна кутија во нашиот мозок што го нарекуваме „Бог“...дека Бог ве повикува да имате личен однос со Него. И Тој сака Вие да Го познаете, да Го запознаете, и Тој да ви биде Татко. И како во секој личен однос, потребна е лична комуникација. Не преку одењето во зграда и кажување на зборовите кој ви се кажани да ги кажете. Но доаѓањето до Него, во темнината на вашата спална соба, или во средината на денот, во вашата канцеларија или кујна, кажувајќи ги вашите сопствени зборови, Го молите да ви Се открие, Му кажувате дека Го љубите, верувате во Него и сакате да Го запознаете повеќе... И ако го правите ова, Тој ќе ги чуе вашите молитви и ќе ви Се открие. И на крајот, вие ќе сакате да бидете крстени во Неговиот Син. Можеби вие ќе помислите „Крстен? Па јас сум крстен уште како дете! Јас сум добар!“. Според Библијата, крштевањето е нешто што се прави како возрасен, кога некој по сопствена волја ќе реши дека сака да се идентификува со смртта и воскресението на Исус. Зборот „крштевање“ како збор значи целосно потопување во вода- бидејќи кога одиме под водата, тогаш се поврзуваме со смртта/закопот на Исус, а кога излегуваме од водата, се поврзуваме со Неговото воскресение. Тогаш ние навистина ќе бидеме поврзани со Него, „во Христа“ како што Библијата го нарекува тоа, и ја имаме сигурната и дефинитивна Надеж на вечен живот со Него кога Тој ќе се врати на земјата. Ако вие навистина верувате во овие работи, тоа ви дава прекрасен поглед кон животот.

Дали ние сме среќни или нескреќни во овој живот, здрави или болни, богати или сиромашни, тоа сé останува само за овој живот- нашиот вистински живот, а ние треба да го очекуваме вечниот живот, и ова дава поразличен поглед на нашето сегашно човечко искуство. Секако, вечниот живот е тешко да се замисли- но само пробајте за момент. Бидејќи ова е тоа што Бог ви го нуди. Како дете, размислував за овој живот дека е само неколку милиметри, спореден со бесконечно долгата нишка, што оди подалеку, и подалеку.... и подалеку. И сéуште не можам да размислувам на поинаков начин за тоа. Но, смислата е во тоа што, ова е животот на Кралството на Бога, не животот како што го познаваме сега- што не би било голема награда! Всушност, да се живее засекогаш со нашето сегашно искуство за животот, би било казна, ништо повеќе. Не, вечниот живот што ви го нуди Бог не е само вечен, тоа е животот што Тој и Исус го живеат сега, животот на вечната радост и исполнение и вечното значење. А ние почнуваме да го живееме...точно сега.

Па сега што е следното? Искрено сакаме да им помогнеме на луѓето да го запознаат Бог. Па така би сакале да ви ја понудиме бесплатната книга наречена Основите на Библијата што систематски ги објаснува основните работи за Бога според Библијата.

Само пополнете го овој формулар и пратете го на:

Bible Basics

P.O. Box 3034

South Croydon

Surrey CR2 0ZA

ENGLAND

Име:___________________________________

Адреса: _______________________________________________________________

Или пратете го вашето барање по e-mail на:

Можете да ги посетите и нашите веб-страници на biblebasicsonline.com и carelinks.net