ДВАНАЕСЕТ БИБЛИСКИ ПРИЧИНИ ЗОШТО НЕ СУМ ЈЕХОВИН СВЕДОК !
1.Враќањето на Исуса Христа:
Јех. све. учат дека Исус веќе се вратил во 1914, но невидлив (па така луѓето на земјата не го гледаат),и воскресението настанало во 1918.
Но Библијата одредено вели Исус ќе дојде повторно особно;видлив и стварен,со едно специфично предупредување дека некои дури и ќе го негираат дословното Христово враќање!
Доказ:"Оти ќе се појават лажни христоаи и лажни пророци ... ако ви речат...
Ете, во тајна соба е- не верувајте! Зашто,како молњата што излегува од исток и се гледа дури до запад, така ќе биде доѓањето на Синот Човечки.
Внимателно прочитај Мат.24:23,24,26,27,30 (ср.2Тим.2:18),Дела1:6,9-11,3:20,21,Откр.1:7, Зах.12:9-11, 13:1,6, 14:1-5,8,9, Лука21:24-27, 19:11-27, Мат.23:38,39,26:64, Марко 13:26, Иса. 30:19-22, 33:17-20, 52:8,15, Јез.43:7, Евр. 9:28, 1Јов.3:2,3 ср. 1Кор.15:50, 2Сол.2:1-3,8,
2.Престолот на Исуса Христа:
Јеховините сведоци учат дека Христос бил интронизиран на небото во 1914.
Но Библијата директно кажува дека Христовиот престол е престолот од неговиот татко Давид кој беше лоциран во Ерусалим, во Израел.
Доказ:"Вратете се деца-отстапници, вели Јахве...и ќе земам од вас по еден од град и по двајца од фамилија и ќе ве поведам на Сион ...Во тоа време Ерусалим ќе го наречат престол на Јахве, и сите народи ќе се собираат кон него, и кон присуството на Јахве во Ерусалим и нема повеќе тврдоглаво да го следат нивното зло срце. Во тие дни Јудиниот дом ќе се придружи на домот Израилев,и ќе дојдат заедно од северната земја (Русија) во земјата,која Јас им ја дадов во наследство на татковците ваши." " Он (Исус) ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот;и ќе Му го даде Господ Бог престолот на неговиот татко Давид; и ќе царува над домот Јаковов секогаш, и царството Негово нема да има крај."
Внимателно прочитај Јер.3:14-18,Лука1:31-33, 13:34,35, 21:24,27,31,1Лет. 17:9,11 -14, Псал.89:3,4,27-29,34-37 (Псал.88 макед. изд.), Јер.23:5-8, 33:14-17, Иса.9:6,7, Јез.21:27, 37:21-28, Зах.14:9,16,17, Мат.5:35, 19:28, Дела2:29-31, 15:16,17.
3. Пре-собирањето на Евреите во Израел:
Јех. све. учат дека враќањето на Евреите во Палестина денес и воспоставената нација на Израел, не може да се земе во обзир за било какво исполнување на библиските пророштва.
Но Библијата истакнува буквално на дузина места дека природниот Израел кој беше растурен ќе биде исто така конечно пресобран во Палестина. Иако верниците во Христа се "Израилот Божји" и "внатрешни" Евреи, природниот Израел ќе остане една силна, доверлива нација, иако сé уште во неверие, пред второто доаѓање на нивниот Месија Исус од Назарет.
Доказ:" Во оној ден, вели Јахве,ќе соберам сé што е хромо, и ќе соединам што е разгонето, и оние врз кои сум допуштил беда. И ќе направам од остатокот на хромите и прснатите по светот силен народ,и Јахве ќе царува над нив на гората Сион од сега па до века."
Внимателно прочитај Мих.4:6-8,11-13, Иса.11:11-14, Јер.31:10,31-40, 33:24-26, Ос.3:4,5, Авд.17-21, Соф.2:6,7,9, Зах.10:3-12, Јез.36:22-24,33-38, 38:8,9,14-16, 39:2,4,7,8,22,25-29, Мат.23:38, Лука21:20-24,27, Рим.11:1,2,11,12,15-29.
4.Пророчени Настани Кои ќе се Исполнат во Блиска Иднина:
Јех. све. учат дека пред битката на Армагедон, политичките сили со нивните владари ќе ги уништат сите други религиозни групи освен оние кои ги следат диктатите од друштвото "Кула Стражарска" , а тоа се самите тие.
Но Библијата открива, додека би имало некаква деструкција на големата мајка црква римска,од европските политички сили (Отк.17:16,17);ќе биде една моќна нација северно од Израел, дури и Русија, која ќе го нападне Израел во "последните дни".Овој колеж против пресобраниот Израел веднаш ќе го предводи второто доаѓање на Исус, кој со неговите обесмртени браќа ќе го избави Ерусалим и Израел од Совет. Сојуз. Битката на Армагедон настанува после поразот на Русија, и ќе биде против новиот непријател на Израел, една европска заедница од 10 нации управувана од попството (понтификатот).
Доказ:"Во оној ден народот Мој Израилот ќе заживее во мир...ќе тргнеш од тв- оето место (Русија),од северните предели...И ќе се кренеш против Мојот народ, против Израилот,како црн облак,за да ја покриеш земјата; тоа сé ќе биде во последните дни, и Јас ќе те доведам против Мојата земја,та народите да ме познаат".
Внимателно прочитај Јез.38:1-9,14-16, 39:1-8,11-13, Дан.11:40-45, 12:1-3,Иса.17: 14, 31:4-9, 62:6-12, 63:1-6, Јоил 2:18-20, 3:9-21, Мих.5:2-9, Авак.3:1-16,Зах.9:10,14:1-5,9-15, 2Сол.2:8, Откр.17:12-14, 14:8-11, 16 :14, 19:1-3.
5.Библискиот Ѓавол:
Јех. све. учат дека ѓаволот е еден натприроден паднат архангел змиско чудовиште.
Но Библијата открива дека ѓаволот е еден симбол на небожни човечки желби манифестирани во разни начини:индивидуални,социјални, политички, црковни.Сатана значи "противник" и може да биде добро како и зло во еврејските Старозаветни Писма.
Доказ:"Тогаш Духот Го одведе Исуса во пустина за да биде искушуван од ѓаволот." ср." Оти, ние немаме таков Првосвештеник, што не може да сочуствува во нашите слабости,туку таков, Кој во секој поглед беше искушуван како и ние, а сепак без грев." ср." Но секој е искушуван кога е влечен и мамен од неговата сопствена желба."
Внимателно прочитај Мат.4:1, Евр.4:15, Јак.1:13,14, Дела 5:3,4,9, Мат.16:22,23, Евр.2:14,ср. 9:26, 1Петр.5:8,9,ср. Откр.2:10,13, 1Тим.1:20,Јован 6:70,71,Откр.2:9, 1Кор.5:3-5, 1Лет.21:1, ср. 2Цар.24:1, 1Цар.29:4, Бро.22:22, Иса.45:5-7(Н.Њ.Т. е недоследна во в.7 со Јов 31:29, каде ра' претставува " зло" , не "неволја"; ср. К.Ј.В.(макед.изд. е далеку понедоследно од ова, цитатите кои не се соодветни со макед.изд. се земени од изв. грч. и евр. текстови- заб. од прев.)).
6.Демони во Библијата:
Јех. све. учат дека демоните се ангели на ѓаволот кои се всушност одговорни за многу душевни и телесни маки.
Но Библијата никогаш не кажува дека демоните се ангели. Демоните во Библијата се митски божества на паганската идолатрија кои немаат никакво стварно постоење.(грч. филоз. влијание во 1 век беше евидентно како разните заболувања и неспособности беа етикетирани дека се во посед на митските демони. Ова и е причината зошто во еврејските Старозаветни записи ваквиот јазик за демонска посесивност е целосно отсутен).
Доказ:"Им служеа на нивните идоли, а тоа им беше соблазна за нив, и ги жртвуваа синовите свои и ќерките свои на демоните; и проливаа невина крв, крвта на синовите свои и на ќерките свои, што им ги жртвуваа на хананските идоли" (Псал.106:36-38(Псал.105:36-38 макед.изд.))."Тогаш доведоа при Него еден бесен ('демонијак ' изв. грч. текст),кој беше слеп и нем; и го излекува, така што слепонемиот прогледа и проговори" (Мат.12:22) ,ср." Тогаш Јахве му рече:Кој му дал уста на човекот? Кој го прави нем, или глув, да гледа, или да е слеп ? Зар не Јас ли, Јахве? (Исх.4:11 ). "И се случи на другиот ден , зол дух од Бога го нападна Саула,и тој беснееше во во куќата своја, додека Давид свиреше на лира,како и во другите денови...И зол дух од Јахве го нападна Саула, и тој седеше дома со копје во раката" ( 1Царства 18:10, 19:9 ).
Внимателно прочитај 5Мој.32:17, 1Кор.10:19-21, ср.8:4, Откр.9:20, Дела17:18,22 и 25:19 (види грч. текст ),Мат.17:15,16,18,Марко 5:15, Лука11:14,Мат.15:22,28, Суд.9:23, 1Цар.16:14,23, 3Цар.22:23.
7.Вистинскиот Исус Христос:
Јеховините сведоци учат дека Исус егзистирал како особа пред неговото раѓање во Витлеем; дека бил едно духовно битие, архангел Михаил.
Но Библијата открива дека Исус немал никакво лично постоење пред Светиот Дух да слезе врз дева Марија ; иако беше тој дестиниран во намерата на неговиот Отец со човештвото.
Доказ:" Јас сум Јахве, Кој сé создадов, Сам ги спрострев небесата, Кој ја послав земјата- Кој беше со мене?"
Внимателно прочитај Иса.44:24, Јов 9:8, Лука 1:31,32:35, 1Петр.1:10,11,20 ср. Ефес.1:4, 1Кор.15:46, Јован 1:14, Иса.9:6, 1Лет.17:13, Псал.89:26,27(Псал.88:26, 27 макед. изд.),Мат.1:1,16,18,20,21, Иса.7:14, ср. Јер.1:4,5,(ангелите не можат да умрат, види Лука 20:36, но Исус умре, Лука23:46, према тоа не можеше тој да биде архангел Михаил). Противно на антихристовото учење, Исус ја имаше истата крв и месо," телото на гревот" заедничко на целото човештво (2Јов.7, Рим.8:3грч.текст, Евр.2:14,2Кор.5:21,13:4).
8.Телесното Воскресение на Исуса Христа:
Јех. све. учат дека стварното тело Исусово не дошло повторно во живот,туку било" распаднато во гасови ,или е сé уште сочувано некаде...никој не знае."
Но Библијата позитивно кажува дека беше истото дословно тело Исусово кое беше воскреснато третиот ден .
Доказ:"И им одговори Исус и рече:' Урнете го овој храм и за три дена ќе го подигнам'...Но Он говореше за храмот на Своето тело. А кога воскресна од мртвите, се сетија учениците Негови дека за ова беше говорел, и поверуваа во Писмото и на зборот,што го беше рекол Исус."
Внимателно прочитај Јован 20:20,26,27, Дела2:25-27,30-32, 13:28-31,Псал.16:9,10(Псал.15:9,10 ак.11изд.),1Кор.15:3,4,14,15,17,44,49,53,54,(Исус не го даде неговото тело како откуп за грешниците, туку животот негов, види Мат.20 :28, Јован 10:17,18. Телото на Исус живее "во надеж", види Дела2:26,Дела1:11,12, Зах.14:4,5, 13:1,6,-не беше разложено во гасови ниту презервирано!).
9.Духовни Битија:
Јех. све. учат дека ангелите и воскреснатите луѓе,кои се духовни битија немаат материјални тела но се "материјализираат" да бидат видени на земјата.
Но Библијата открива дека духовните битија имаат материјални, телесни тела од консолидарен дух, кои се нерасипливи и бесмртни. Показателно, зборот "материјализирање" (отеловлување) не се појавува ниту еднаш во Божјото Слово. Причината зошто луѓето не ги гледаат или препознаваат духовните битија е затоа што нивните очи се затворени за распознавање вакви духовни суштества освен ако се отворат од Бога за да се видат.
Доказ:" се сее тело душевно-воскреснува тело духовно. Има Кој ќе го преобрази нашето понизено тело така,што тоа ќе стане подобно на Неговото славно тело, со силата,преку која што Он може и да потчинува под Себе сé."
Внимателно прочитај Филип.3:21, 1Кор.15:42-44,49,53,54,15-17, 2Цар.5:4, 1Јов.3:2, Лука24:13-16,31,36-39,41-43, 4Цар.6:15-17, 2Цар.5:24, Бро.22:23,25,27,31,33, Јован 5:37, Псал.17:15( Псал.16:15 макед.изд.), Јов 19:25-27.
10.Наградата на Верните:
Јех. свед. учат дека постојат две различни надежи; некои се надеваат на одење на небо после смртта, додека мнозинството се надеваат дека ќе ја примат нивната награда овде на земјата со Авраам, Исак и Јаков.
Но Библијата едноставно кажува дека има само " една надеж " и верните од сите векови ќе ја наследат планетата земја, каде што ќе владеат со Христа како цареви и свештеници во илјадата години .
Доказ:"И ви велам дека мнозина ќе дојдат од исток и од запад и ќе седнат на
трпеза со Авраама, Исака и Јакова во царството небесно"(Мат.8:11 Н.Њ.Т.).
Внимателно прочитај Ефес.4:4,Мат.5:5,ср.Псал.37:29, 11,22,34, (Псал.37 мак. изд.)149:5-9, 1Кор. 6:2, Рим.4:13,16, ср. Гал. 3:9,27-29, 2Тим.4:8,Евр.6:12, Кол.3:4,Јован17:24,Дела26:6,7,2Кор.4:14,1Јов.3:2,3,2Тим.2:12,Дан.7:14,18,22,27, Откр.2:26,27, 3:21,22, 5:9,10, 20:4,6.
11.Кршењето Леб и Пиење на Виното ( " Општење "):
Јех. све. учат дека единствено оние кои се од малата останата класа или "Тело Христово" можат да учествуваат во лебот и виното (и само еднаш годишно), додека сите други- огромното мнозинство-никогаш не учествуваат во спомен симболите.
Но Библијата не прави ваква разлика; бидејќи сите баптизирани верници се "Тело Христово" и на сите им е заповедано од самиот Исус да учествуваат во спомен леб и вино - а ова се прави секој прв ден од седмицата.
Доказ:"Чашата на благословот,која ја благословуваме,не е ли општување со крвта Христова? Лебот,што го кршиме,не е ли општување со телото Христово? Бидејќи лебот е само еден, едно тело сме ние многуте, зашто сите се причестуваме од еден леб.
Внимателно прочитај 1Кор.10:16,17, 11:23-29, 12:12,13,27, Ефес.4:4, 1:22,23 и 3:6, Кол.3:15, Рим.12:5, Евр.13:3, Мат.26:26-29, Марко 14:22-25, Лука 22: 15-20, Дела2:41,42, 20:6,7,ср.1Кор.16:2, Откр.1:10,1Кор.11:20, Јован 6:53-58.
12.Трансфузиите на Крв и Библиското Учење за Јадење Крв:
Јеховините сведоци учат дека јадењето крв и трансфузиите се забранети од Бога за сите народи ,и Евреин и не-Евреин.
А.Но Библијата открива дека јадењето крв беше дозволено од Бога за не-Евреите!
Доказ:" Не јадете ништо умрено (бидејќи крвта не би била пролиена како што бараше Законот); дај му го на придојдениот,што е во твоите градови; нека го јаде тој, или продај му го на туѓинецот" (5Мој.14:21).
Б.Причината ради која од нееврејските верници се бараше да апстинираат од крв и од она што беше задавено ( а беше дел од нивното претходно идолско обожавање заедно со форникацијата) , беше поради очевидните скрупули на многуте еврејски верници.
Доказ:"Зашто Мојсеј во сите градови има луѓе од старите времиња,кои го проповедаат,оти неговиот Закон се чита по синагогите секоја сабота"
(Дела 15:21,ср. 1Кор.9:19,20).
В.Оваа апстиненција од крв беше подоцна олабавена како што Евангелието беше повеќе и повеќе прифаќано од народите или не-Евреите, бидејќи Зак онот Мојсеев беше целосно окончан со Исусовата смрт и воскресение.
Доказ:" Го избриша ракописниот закон ,што беше против нас,а кого го зеде од средината и го прикова на крстот... Па така, никој нека не ве осудува за јадење или пиење" (Кол.2:14-23, 1Кор.8:7,8, 10:25-30).
Ѓ.Не е ли за жалење дека мажи, жени, деца дури и бебиња умираат беспомошни и залудно, за потребата од трансфузија, поради лажните и луди заповеди од слепи лидери на слепите?
Доказ:" но напразно Ме почитува(ат) ,оти проповеда(ат) човечки повелби... тие се слепи водачи на слепци ;а кога слепец води слепец ,обата ќе паднат во јама" ( Мат.15:8-11,13,14, Марко 7:14,15,18,19).
Смеам ли јас како христаделфијан,да апелирам до следбениците на друштвото " кула стражарска" кои се нарекуваат Јеховини сведоци , да внимателно го пребаруваат Св. Писмо дневно без вашите " кула стражарска" списанија и книги во вашата лева рака? ( Види Исх.23:1,2, и Иса.32:14)
Еден добар начин за почеток е да се промислено прочитаат библиските референци цитирани во овој леток и на овој начин да се започне разбирањето на " едината вера" од Словото на Јахве ( кое е Божјото исправно име).
За бесплатен водич за читање на Библијата кој те води низ Старозавет.
Записи еднаш годишно и два пати во Новозаветните Записи , или за пона-
тамошна бесплатна литература за христаделфијаните молиме пишете на:
The Christadelphians a.k. 97, Riga 1007 LATVIA