Дали Ти Веруваш Во Ѓаволот?
Пред приближно 100 години овие стихови беа напишани (од непознат автор) за да го придружуваат цртежот на "Неговото Сатанско Височество":
Ова е тој, со рогови и копито,
Свештениците ѓавол го нарекуваат;
Велат дека живее во спарно место
Каде духови и ѓаволчиња лумпуваат.
Велат дека има голема долга опашка,
И носи трозабна вилушка,
Дека некогаш го напушта спарниот дом,
И низ земјата се шета.
Велат дека со леснотија може да земе
облик на ангел светол,
И потоа, за промена, зема облик
На лав кој во ноќта рика:
Дека моќта му е да делува и прави што сака,
Да биде на пеедесет места наеднаш;
И за да ги исполни злите дела
Може да е мудар како мудрец, или ќутук."
Денес повеќето луѓе не мислат за ѓаволот така. Но сé уште има многу луѓе кои веруваат дека ѓаволот постои, дека има огромна зла моќ (некои велат тој е паднат ангел) и константно се обидува да го уништи делото Божјо меѓу мажите и жените. Тие мислат дека ѓаволот е тој кој тајно шепоти во твоето уво и те мами на зло.
Наравно има потешкотии околу прифаќањето ваква една идеја.Ако за почеток, ѓаволот бил навистина ангел, како дошол во буна против Бога? И зошто Бог допушта едно натприродно суштество да го уништува делото Негово на земјата? И секако, каде е ѓаволот сега? И како всушност тој може да работи?
Каде да се открие?
Едно е јасно: ова е едно религиозно прашање. Па за да го решиме, мора да се обратиме кај Библијата, големиот извор на сé што знаеме за Бога и Исуса Христа. Каде иначе би одел за еден сериозен одговор на вакво едно прашање?
Сега, Библијата со сигурност содржи еден број на алузии за ѓаволот и сатаната.И затоа се обраќаме кон Библијата. Но да расчистиме една работа на почетокот: ние мораме да направиме секаков обид да разбериме што самите библиски писатели мислеле со"ѓаволот" или"сатаната". За нас е многу едноставно, со читање на библиските стихови, да им го дадеме на термините ѓавол и сатана значењето кое ние го преферираме! И ако тоа значење не е исто со интенцијата на библискиот писател, тогаш ние ја менуваме вистинската смисла!
Многу од нас имале прилика да дискутираат за ѓаволот и сатаната со други и откриле дека дискусијата не водела никаде. А причината е очигледна: кога се читаат библиските пасуси, ѓаволот и сатаната се сфаќани од различни читатели во различни начини. Заклучокот е јасен: ако сме за да дојдеме до вистината за ѓаволот и сатаната: ние мора да откриеме што библиските писатели мислеле кога ги употребувале тие термини. Не е добро ослонувањето врз нашето сопствено поимање или од други луѓе. Ние мора да знаеме што инспирираните писатели на Словото Божјо разбирале околу оваа важна тема.
Во кратко дело како ова ние не можеме да ги испитаме сите стихови во Библијата кои реферираат на ѓаволот или сатана. Но она што всушност ни треба е еден клуч-едно основно разбирање за тоа што овие термини значат. Опремени со тоа, ние треба да сме во состојба да отклучиме прилично многу библиски пасуси.
Прво Сатана...
Да се најде виталниот клуч важно е да се почне од Стариот Завет, а не од Новиот. На денешниве уши ова може да звучи чудно, но сети се дека Стариот Завет беше напишан прв, многу векови пред Новиот. И пошто всушност двата формираат едно откровение од Бога, Новозаветните писатели го познавале Стариот Завет во суштина многу добро. Тие цитираа од него и ги употребуваа неговите термини; и меѓу термините кои ги употребуваа е сатана. (Всушност терминот "ѓавол" ретко се појавува во Стариот Завет и употребата таму е различна од онаа во Новиот.)
Па ние почнуваме со сатана, Старозаветниот термин. Што значи зборот 'сатана'? Не е тешко за откривање. Земи го случајот со Валаам кој живееше во дните кога децата на Израел лутаа низ пустината. Тој беше пророк на кого му беше речено од Бога да не оди на одредена платена мисија да ги проколне израелците. Но тој ги сакаше парите понудени како награда, па така тој отиде. Јавајќи на магаре, тој беше препречен од ангел:"и застана Ангел Господов на патот, за да му попречи" (како противник или/непријател ( 4Мој.22:22)).
Противник или Непријател
Зборот за "противник" е сатана (од каде што ние го добиваме нашиот "сатана") и само тоа и значи. Забележи две работи: сатана овде е обичен збор кои значи противник или непријател, и не е име на една особа. Зборот се појавува повторно само десет стиха покасно: ангелот му рече на Валаама "Јас излегов да ти го попречам патот" (стих 32). дословно "да ти бидам противик".
Ова е прв пат зборот сатана да се појавува во еврејскиот запис. Забележи дека овој сатана е еден добар ангел, "ангелот Господов", кој извршува она што Бог сака, и не е зол! Ако ние погледнеме во библиски цонцорданце за начинот на кој е користен зборот сатана во Стариот Завет, ние ќе откриеме дека значи противник и непријател. На пример:"Што ви е вам " завика Давид " та сега ми станувате (Јоав и неговите браќа) клеветници (сатани) ?" (2Цар.19:22). И така е и со половината дузина други случаи, каде алузијата е обично на луѓе.
Овде имаме еден од најфреквентно цитираните случаи во целата Библија. Првите неколку стихови на поглавје прво го опишуваат Јов каде живее во земјата Уз, богобојазлив човек кој имаше многу работи во посед. Тогаш, стих 6:
"Еден ден дојдоа синовите Божји за да застанат пред Господа; меѓу нив дојде и сатаната."
Сатаната во Книгата на Јов
"Ето ти", велат некои луѓе, "сатаната беше на небесата меѓу ангелите! Тој мора да едно натприродно суштество!" Но да се сетиме на нашето витално правило: ние мора да ги разбереме библиските термини во една библиска смисла. " Синови Божји", на пример: вистина е дека еднаш во Јов (38:7) овој термин е употребен за ангели; но во Библијата како целина често е користен за мажи и жени кои навистина го обожаваат Бога во контраст на оние кои не го прават тоа. Бог го употреби него за Израел преку пророкот Исаија:
"Доведи ги синовите Мои оддалеку и ќерките Мои-од краиштата земни, секого кој се нарекува со Моето име..." ( Иса.43:6-7).
Така во Новиот Завет апостол Јован, реферира на верниците во Христа, и напиша:
"Возљубени, сега сме чеда Божји!" (1Јов.3:2). Па така "синовите Божји" меѓу кои дојде "сатаната" (Јов 1) не се нужно ангели во небесата; можат да бидат луѓе на земјата.
Но како можат тие да (се презентираат) "застанат пред Господа" ако не биле на небо?
Повторно самата Библија ни дава одговор. На Мојсеј и Исус им беше речено да се презентираат "застанат" пред "скинијата на сведоштвото", каде Бог ќе го назначи Исуса за следен лидер на Израел (5Мој.31:14-15). Многу години покасно Исус ги повика сите племенски старешини на Израел во Сихем каде "тие се претставија пред Господа Бога" ( Ису.24:1). Сепак подоцна, Самуил кога дојде на ред им кажа на Израел:
"...застанавте сега пред Господа..." (1Цар.10:19).
Во Новиот Завет е речено дека Марија, мајката на Исус, кратко по раѓањето на нејзиниот син, дојде до храмот во Ерусалим "за да Го претстават пред Господа...и да се принесе жртва, како што е речено во Законот Господов" (Лука 2:22-24). "Синовите Божји" во Јов, тогаш, кои дојдоа "да застанат пред Господа", дојдоа заедно да го обожаваат Бога на назначеното место, и се разбира, во присуство на назначениот свештеник во тоа време. Ова е една сцена на обожавање на земјата, не на небото.
Но што со "сатаната" кој дојде меѓу нив? Овде преведувачите на англиски (како и македонските-заб од прев.) не играле чесно со нас, затоа што сé што вели еврејскиот е ”противник". Големата С во Сатана е сопствена инвенција на преведувачот, бидејќи еврејскиот не прави никаква дистинкција помеѓу големите букви и другите. Дури и во маргин тхе Аутхорисед и Ревисед Версион преведувачите отпечатиле "тхе Адверсарѕ" (Противник), сугерирајќи со нивната голема А ( а за кое немаат никаков доказ) дека ова е оној посебен Противник, Сатана. Сé што еврејскиот нé оправдува нас во велење е "противникот дојде меѓу нив".
Бог е Семоќен
Но кој може да е овој противник? Ако ова беше една група дојдени заедно да обожаваат, тој би бил еден од нив; со други зборови тој беше човек; и тој беше непријател на Јов, бидејќи беше љубоморен на него и сакаше да биде повреден. Но како тогаш може да следи конверзација помеѓу Бога и противникот? Повторно самата Библија обезбедува одговор, пошто во Старозаветните времиња луѓето често добивале пораки од Бога преку назначениот свештеник во тоа време. Давид, на пример, повеќе него еднаш консултираше свештеник кога сакаше да знае која беше Божјата волја за него, и свештеникот говореше со него во името на Бога. Значи, овој љубоморен непријател на Јов-можеби и таков кој му позирал за пријател-му рече на Бога преку свештеникот, "Јов едино ти служи заради она што може да добие. Само пробај доведи некоја неволја на него па тогаш ќе видиш." И Бог бидејќи имаше голема намера со Јов и посакуваше да го види доусовршен дозволи на противникот да ја спроведе неговата злобна желба врз Јов. Но како што ни кажува книгата јасно, моќта беше Божја а не на противникот (Јов 2:4-6).
Па така во оваа епизода нема никаква потреба за еден натприроден сатана и никаков доказ за таков. Сите изрази се често користени за луѓе. Старозаветниот сатана значи противник; но како што ни покажува примерот со Јов, се развива природна тенденција да се користи за еден зол противник.
Петар- Сатаната!
Со ова вредно разбирање во позадина, ние сега гледаме во еден пример на употреба на "сатана" во Новиот Завет. Петар штотуку ја направи неговата голема декларација за вера во Исуса како " Христос, Синот на живиот Бог" и како резултат Исус изјави благослов врз него. Но Исус тогаш продолжи да говори за својата сопствена судбина; тој ќе требаше да оди во Ерусалим и таму лидерите на Евреите ќе го фатат и тој ќе биде убиен, но тој ќе воскресне пак третиот ден (Мат.16:21). Петар не можеше ниту да разбере ниту да го прифати ова и почна да го одвраќа Исуса: "Биди милостив кон Себе, Господи; тоа со Тебе нема да се случи!" Со други зборови, "Не смееш ни да помислиш на такво нешто." Но Исус му рече на Петар, "Бегај од Мене, сатано! Ти си Ми соблазан".
Зошто беше Петар "сатана"?1 Бидејќи тој беше "еден противник" на Исус; се обидуваше да го убеди Господа да не го прави она што знаеше дека мора да се направи во неговата покорност на волјата Божја.Ако беше по начинот од Петар, Исус ќе ја одбиеше волјата од неговиот Татко и неговата голема жртва за грев на крстот немаше да се случи. Па така Исус мораше да му каже на овој "противник" (сатана) "бегај од мене". И тогаш додава коментар кој е многу важен за нашето разбирање: Ти си еден противник и камен за сопнување за мене, му вели Исус на Петар во стварност, бидејќи не мислиш "за она, што е Божјо, а за она, што е човечко !" (в.23, Р.В.).
Па така овој најважен Новозаветен пример нé учи на некои вредни лекции. Прво, овој "сатана" беше еден човек; второ, тој ја отфрли волјата Божја; трето, она што го обележа него, беше, дека посакуваше наместо тоа да ја прави волјата човечка -едно многу важно навестување, како што ќе видиме подоцна.
Да се потсетиме досега што сме научиле: "сатаната" е еден противник, и скоро секаде еден зол противник. Во примерите што ги видовме, "сатаната" беше:
-еден ангел Божји, кој ја извршува неговата волја;
-еден човек кој позира како обожавател Божји;
-други луѓе кои беа "противници";
-и сега Петар, апостол Господов, во опозиција на волјата Божја.
Со ова генерално разбирање за значењето на "сатана", ние би требало да најдеме многу библиски пасуси доста појасни.
А Сега Ѓаволот
Ова е грчки термин, а не еврејски, па така единствено е најден во Новиот Завет.2 Повторно ние мора да се обидеме да откриеме што терминот навистина значи. Ние можеме ова лесно да го направиме, бидејќи има пасуси каде што самите преведувачи ни покажале. Пишувајќи до Тимотеј апостол Павле вели дека "во последните денови ќе настанат времиња тешки"; во овие времиња "луѓето ќе станат саможиви, среброљупци...клеветници, и.т.н..." (2Тим.3:1-3). Зборот преведен "клеветници" е множина од оној обично користен "ѓавол" и е сроден со англискиот "дијаболичен".
Повторно, давајќи инструкции за тоа како верниците треба да се однесуваат при средбата за обожавање, тој доаѓа до женските членови:
" Жени (те) треба да бидат чесни, да не се клеветнички, туку трезвени и верни во сé." (1Тим.3:11).
Повторно зборот е оној обично преведуван "ѓавол", иако овде е множина. Преведувачите во овие два пасуса ни ја дадоа основната смисла на зборот. Забележи уште еднаш: овие "ѓаволи" се луѓе.
Но големиот тест пасус за разбирање на "ѓаволот" во Новиот Завет е во Евр. погл.2. Како што ги читаме раните стихови од ова поглавје, е јасно дека апостолот пишува за Исус и неговите следбеници; и ги нарекува следбениците "деца". Сега, во стих 14, тој доаѓа до неговата голема изјава за "ѓаволот". Ние сега ја поставуваме овде прво во целост, и потоа ќе ја преминуваме, фраза по фраза, за да сме сигурни во разбирањето:
"А бидејќи децата се учесници во телото и крвта, тоа и Он зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној, што ја има власта над смртта, односно ѓаволот;"
Првата фраза вели прилично јасно дека следбениците на Исус се "тело и крв", а тоа е, тие се обични мажи и жени. Никаков проблем тука.
Човечка Природа
Втората вели дека Исус ја делеше истата природа, "телото и крвта". Апостолот мора да бил всушност многу загрижен за неговите читатели да треба јасно да разберат дека природата на Исус навистина беше иста како и од неговите следбеници-човечка природа-бидејќи ја истакнува точката:"тоа и Он зеде еднакво учество во тоа". Немаше никаква потреба за апостолот да го истакнува тоа вака во пишувањето освенако тој чувствувал дека е особено важно за неговите читатели да ја сфатат оваа витална вистина: дека Исус беше еден човек во секој поглед.
Третата реченица содржи три декларации:
(1) дека Исус го уништил ѓаволот;
(2) дека го направи тоа "преку смртта", а тоа единствено може да значи преку неговата сопствена смрт, со сопственото умирање; и
(3) дека ѓаволот ја има "власта над смртта".
Пред да одиме подалеку, ние мора да разјасниме една причина за недоразбирање. Македонскиот читател, гледајќи фраза како "оној, кој ја има власта над смртта", е природно воден да претпостави дека ѓаволот мора да е една особа, или едно суштество. Но ова не е нужно така.
Во македонски ние имаме еден многу едноставен систем за одредување род: сите машки особи се машки род, и се реферирани со "тој"; сите женски се женски род, и се реферирани со"таа"; сите други нешта се среден род и се реферирани со "тоа". И повремено реферираме на работи како да се особи: еден брод со "тој" на пример. Ова се нарекува персонификација.
Меѓутоа, грчкиот (на кој беше пишуван Новиот Завет), е поинаков. Има три рода, но се користат на друг начин. Машките се "тој" се разбира, и женските "таа"; но другите нешта можат да бидат било кој од трите рода, машки, женски, или среден.
Сега, грчкиот збор за ѓавол е машки род, и заменката која стои за него е "тој". Но ова не објаснува дали е ѓаволот една особа или не. Грчкиот е прилично неодреден. Ако ние сакаме да докажеме дека ѓаволот е, или не е, една особа, ние мора да ги добиеме нашите докази од друго место не од овој израз.
Уништување на Ѓаволот
Ние сега гледаме во нашите "три декларации" во овој стих.
Исус го уништи ѓаволот. Па така ѓаволот е "мртов", или во најмала рака ќе биде уништен до времето кога делото Христово ќе е завршено. Но има две забележителни точки околу оваа изјава во Евр.2:14. Апостолот одредено вели дека за да го уништи ѓаволот, Исус зеде учество во човечката природа. Сега не е ли ова зачудувачко нешто? Ако намерата на Исус беше да уништи еден моќен непријател, зар не би направил далеку подобро кога би имал моќна, бесмртна природа како ангелите? Што правеше тој споделувајќи ја немоќната природа на месото и крвта? Очигледно овде има една мистерија која побарува објаснување.
Но тоа не е сé. Апостолот одредено вели дека начинот на кој Исус го уништил ѓаволот беше"преку смртта". Сега, ова едино може да значи преку неговата сопствена смрт. Каков еден необичен начин за да се ослободи од еден моќен непријател, со сопствено умирање!
Од овие две точки, за да стави крај на ѓаволот Исус прво ја делеше немоќната човечка природа и потоа мораше самиот да умре, јасно е дека "ѓаволот" од Библијата мора да е нешто сосема различно од вообичаената идеја за ѓаволот која се држи.
Кога ќе дојдеш преку еден библиски пасус тежок за разбирање,секогаш помага да се најде еден друг кој прилично го кажува истото, иако во различни термини. Двата пасуси ќе фрлат светло еден на друг. Сега, има еден таков пасус да ни помогне во овој случај. Истиот апостол, во истото писмо, во Евр. погл.9,пишува за делото Христово. Тој реферира на неговото прво доаѓање (кое одведе до неговата смрт на крстот) вака:
"Он (Исус)...еднаш за секогаш, до крајот на вековите,се јави за да го премавне гревот, откако се принесе Сам Себе како жртва."(стих 26).
Ние веднаш забележуваме дека една од работите речени овде е иста како во Евр.2:14."Се принесе Сам Себе како жртва" јасно значи исто како "преку неговата сопствена смрт". Па веројатно другите термини значат исто. Да ги поставиме еден до друг:
Евр.2:14 Евр.9:26
преку (неговата сопствена смрт) = се принесе Сам Себе како жртва
да го победи...ѓаволот = да го премавне гревот
Од овој вреден паралелен коментар ние учиме дека да се "победи ѓаволот" е исто што и да се "премавне гревот". Ѓаволот, тогаш, мора да е еден начин на реферирање на таа човечка бунтовност против Бога која Библијата ја нарекува грев.
Силата на Гревот
Ние сега имаме еден вреден начин за тестирање на ова разбирање, бидејќи Евр.2:14 изјавува дека ѓаволот "ја има власта над смртта". Сега, за што во Библијата е речено дека ја има оваа моќ? Апостол Павле ни дава одговор во два пасуса кои многу помагаат во Посланието до Римјаните: 5:21 "како што гревот царува, предизвикувајќи смрт, така и благодатта да се зацари со правда за живот вечен, преку Исуса Христа".
Однесувањето за гревот овде е како за цар кој владее врз своите поданици; и ефектот од неговата моќ врз нив е смрт.
Повторно во 6:23 "Оти, платата, што ја дава гревот, е смрт, а дарот Божји е живот вечен".
Овде гревот е еден господар кој им дава отплата на неговите слуги; тој ги наградува нив за службата кон него самиот-со смрт.
Двата овие пасуса се примери на персонификација: а тоа е, кога за нешто се говори како да е особа кога всушност не е. Во двата нив гревот е персонифициран; и во двата е јасно дека гревот "ја има власта над смртта".
Па така Библијата ни кажува дека вистинскиот ѓавол е гревот.
Што е Вистинскиот Непријател на Бога?
Ние ќе го прекинеме нашето разгледување за момент да прашаме едно многу важно прашање: Што вели Библијата дека е најголемиот Божји непријател ? Дали е некаков паднат ангел ? Дали е некакво мистериозно духовно суштество кое се обидува да го отправи Божјото дело на земјата? Воопшто не. Од првата страница на Библијата до последната има еден тврдоглав непријател на Божјата намера-човечкото срце и ум, волјата од мажите и жените насекаде да ги задоволуваат нивните сопствени желби.
Ние веќе имавме навестување за ова во укорувањето Христово на Петар: "Бегај од Мене, сатано!...оти мислиш не за она, што е Божјо, а за она, што е човечко!" (Мат.16:23). Тој го рече прилично истото на Евреите кои го отфрлаа него:
"Вашиот татко е ѓаволот; и вие сакате да ги исполнувате желбите (или похотта) на својот татко"(Јован 8:44, А.В.).
Ние треба само да прашаме: Со што е "похотта" асоцирана низ целата Библија? Одговорот е јасен: секогаш е со човечката природа.
Природните тенденции на нашата природа се изложени прилично јако од апостол Павле во неговото Послание до Римјаните. Тој прави контраст меѓу животот во служба на Бога (духот) со животот поминат во задоволување на природните желби (телото), и изјавува:
"Телесното мудрување е смрт, а духовното мудрување-живот и мир;"
Па така има два начина од кои можеме да одбереме да живееме: обидот да се врши волјата Божја, или да се врши нашата сопствена волја. Околу вториот Павле сега го има овој поразителен коментар:
"Телесното мудрување е непријателство против бога".
Па така еве го големиот непријател на Бога: човечката желба. И тоа каков решителен непријател е! Бидејќи Павле продолжува:
"на законот Божји тоа (телесниот ум) не му се покорува, ниту, пак, може." (8:5-7).
Тој го рече истото написмено до Галатјаните:"живејте по Духот" (тоа е, да се живее по Божјиот пат) "и желбите на телото ваше нема да ги извршувате" (забележи дека "телото" побарува да биде задоволено). Тогаш тој додава:
"Оти, телото сака противни работи на духот, а духот- противни на телото; тие се еден против друг", и резултатот е "за да не го правите она, што сакате" (Гал.5:16-17).
Искушенијата Внатре во Нас
Нема никакво сомнение тогаш каде ние мора да бараме за големиот непријател на Бога: тоа е во нашите сопствени срца и умови. Па така Јаков ни кажува каде ние мора да погледнеме, за изворот на нашите искушенија кон грешење. Дали сме ние застранувани од некаков натприроден дух кои ни шепоти во нашето уво? Воопшто не; бидејќи, тој вели:
"но секого го искушува неговата похот, која го влече и мами".
Значи нашата сопствена "похот" е потеклото на нашите искушенија; и Јаков ни кажува кој е резултатот:
"Потоа похотта, откако ќе се зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт" (Јак.1:14-15).
Долгата историја на човештвото во Библијата покажува колку е вистинито ова учење Првиот пар на човечки суштества ги преферираше нивните сопствени желби отколку послушноста кон Бога, и згрешија. Човечката раса отпадна во "расипаност и насилие" и Бог мораше да им суди при потопот. Израел, спасен од Бога од ропството во земјата на Египет и им беше дадена посебна прилика да бидат Божји народ, се одвратија и преферираа да обожаваат идоли и да се однесуваат на неморални начини како безбожните народи околу нив. Исус, Синот Божји, ја демонстрираше благодатта и вистината од Неговиот Татко меѓу луѓето; тие го одбија и го распнаа. И во следните векови, луѓето го напуштија Божјото учење и ги изопачија Неговите патишта. Да, големиот непријател Божји е одбивањето на Неговиот авторитет од мажите и жените, и исполнувањето на нивните сопствени природни желби.
Како се Употребувани Ѓаволот и Сатаната
И така ѓаволот и сатаната се персонификација на грев; тие се зборови користени да го претставуваат гревот.
Персонификацијата е понекогаш во една поединечна индивидуа. Ние видовме како Петар беше "сатана". На учениците Исус им рече, "Не дванаесетмина ли ве избрав Јас? Но еден од вас е ѓавол." (Јован 6:70). И тој еден беше Јуда кој го предаде. Во оваа класа доаѓа змијата во Едем, која сугерира на Ева дека не беше вистина она што рече Бог. Така "змијата" постанува еден симбол во Библијата за моќта на гревот.
Понекогаш едно тело на луѓе, една влада на пример, може да е реферирана како ѓавол или сатана. Постојат два интересантни примери за ова во Откровение 2. Во неговото писмо до верниците во Смирна апостолот Јован ги пренесува зборовите на Исус вака:
"Не бој се воопшто од она, што ќе има да претргаш. Ете, ѓаволот некои од вас ќе фрли в затвор, за да ве искуша... Биди верен до самата смрт" (стих 10).
Ова беше напишано во првиот век н.н.е., кога верниците во Христа трпеа прогони, поради нивната вера, во рацете на римската паганска влада. Таа беше "ѓаволот" кој ќе ги стави некои од нив во затвор: соодветно наречена "ѓавол" бидејќи беше непријател на Божјите слуги.
Или стих 13, во писмото до Пергам:
" знам... и каде живееш, каде е престолот на сатаната".
И така сатаната владеел во Пергам. Овој сигурно владеел; нема сомнение дека е тоа управата на римската влада за тој дел од провинцијата на Азија.
Петар реферира за истото време на прогон со овие зборови:
"Бидете трезвени, бидете будни, зашто вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика и бара некого да го проголта"
Дека тој всушност реферира за прогонот на христијаните е јасно од следново:
"спротивете му се со тврда вера, знаејќи дека такви страдања ги снаоѓаат и вашите браќа по светот." (1Петр.5:8-9).
Римската паганска влада беше ѓаволот овде.
Искушенијата на Исус
Понекогаш "ѓаволот" или "сатана" стојат за принципот или силата на гревот, било како да е манифестирана. Во оваа смисла ние можеме да го разбереме записот во Евангелието за искушението на Исус. Ние веќе видовме како Исус во потполност ја споделуваше нашата човечка природа (Евр.2:12). Како резултат тој ги осети сите наши искушенија, бидејќи Писмото ни кажува, "на секој можен начин тој беше искушуван како и ние, сепак без грев". Во неговото искушение во пустината "ѓаволот" е персонификацијата на таа човечка потреба да се задоволат неговите сопствени желби; тој наполно ги совлада и остана безгрешен.
Кога учениците се вратија кај Исус, воодушевени дека беа способни да лечат болести, тој им рече:" Го видов сатаната дека падна од небото како молња!" (Лука 10:18); тој, го предвиде идното време кога не само болест него и целата моќ на гревот и злото, сумирани во терминот "сатана", ќе биде фрлена долу од нејзината владарска позиција во светот; ќе биде "детронизиран" и заменет со силата Божја, кога Христос ќе се вратида го воспостави Божјото Царство на земјата.
Ова, тогаш, е едноставниот клуч кој ги отклучува проблематичните пасуси околу ѓаволот и сатаната: барај го изворот на тоа во моќта на гревот покажана во желбите, слабостите и делата од луѓето; и мноштвото пасуси ќе постанат едноставни.
Зошто е тоа Важно
Дали е навистина тоа важно, дали ние го разбираме ова? Да, барем од две причини.
Прво, ако библијата навистина нé учи дека ѓаволот и сатаната стојат генерално за човечкиот грев во сите негови активности, тогаш тоа е она што Бог сака да знаеме. Тоа е една вистина откриена во Неговото Слово, Библијата, и ние би требало да сакаме да ја разбереме; ние не треба да сме задоволни да бидеме погрешно водени од лажни идеи вообичаени во светот
Второ, причината заради која Бог ја изразил оваа вистина во Неговото Слово е дека прави една голема разлика за нас. Обзирни за еден момент: ако ние ја имаме идејата дека нашите слабости и неуспеси во Божјите очи се должат на суптилното влијание од некаков натприроден зол дух надвор од самите нас, нема ли да сме во искушение да правиме изговори за самите нас ? Нема ли да бидеме склони да кажеме, "Па, не беше моја вина - ѓаволот ме искуша..." ?
Обвинувањето некој друг за нашиот грев е нешто што Библијата никогаш не ни дозволува да правиме. Апсолутно е есенцијално ние да ја разбереме нашата природна состојба во Божјите очи. Како што моќно го постави тоа апостол Павле:"сите згрешија и се лишени од славата Божја" (Рим.3:23). Да се разбере библиското учење за ѓаволот и сатаната е од голема помош во прифаќањето на оваа вистина.
Драгоцената Вистина
Но тогаш-помисли на бенефицијата! Ако ние навистина сфатиме дека сите ние имаме еден снажен импулс во нас да ја игнорираме волјата Божја и да ги следиме нашите сопствени желби и ги бараме нашите сопствени задоволства, тогаш сме на добар пат да сфатиме колку голема е нашата потреба да бидеме ослободени од овој притисок конгревот, па да ние можеме да примиме проштевање на гревови од Бога и да имаме една надеж за вечен живот во Царството што Бог ќе го воспостави преку Неговиот Син. Што повеќе ја сфаќаме нашата сопствена очајна потреба за ослободување од природната положба во која ние живееме, толку повеќе ние ќе цениме колку е драгоцено Евангелието кое го проповедаше Христос. Како ние можеме да вреднуваме една понуда на живот ако ние не знаеме дека ние умираме-засекогаш ? За еден човек кој знае дека се дави, спасувачката рака е всушност живот. А ваков е и нашиот случај:
Бог ни нуди живот во место на вечна смрт.
Треба ли ние тогаш, да стравуваме од еден ѓавол ?
Најсигурно дека треба-но не од ѓаволот на народното верување. Нашиот ѓавол е внатре во самите нас, во нашите сопствени срца и умови. Но штом еднаш ние го сфатиме тоа и прифатиме, ние ќе сме во состојба да се радуваме во големата понуда на живот која Бог ни ја прави во Неговото Слово преку жртвата на Неговиот Син.
1. Грчките манускрипти на Новиот Завет не покажуваат никаква разлика
помеѓу зборовите кои не, и оние кои почнуваат со големи букви-сите
букви се големи.
2. Зборот "ѓаволи" во "истерува(а) ѓаволи" и.т.н. е еден друг збор, кој всушност значи "демони" (ср.Р.С.В.).